Наставничка трогната од подарокот на една од ученичките

Наставничка во основно училиште во Вашингтон доби специјален божикен подарок од една од нејзините ученички.

Рејчел Уретски-Прат доби бројни подароци од своите ученици, вклучувајќи чоколади и рачно изработен накит, но она што особено ја трогна беше кесичка маршмелоуси, односно колачиња со бел слез.

UPDATE: WOW! I can share with complete honesty that I cannot believe how many people this has touched! I have received…

Gepostet von Rachel Uretsky-Pratt am Mittwoch, 19. Dezember 2018

Како што објасни наставничката на „Фејсбук“, сите деца во нејзиното училиште се на бесплатни или намалени оброци. Но, детето кое  ѝ даде маршмелоуси било решено да ѝ даде подарок на наставничката и покрај тоа што има малку. Девојчето ја зело кесичката што ја добила за појадок, ја отворила и ѝ направила подарок на наставничката.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари