Најстариот милијардер во светот има 100 години и живее како момче

Најстариот милијардер во светот, Чанг Јун Чунг од Сингапур, има 100 години, но секој ден оди на работа, бидејќи, како што вели, останувањето дома не е опција за него и ќе му биде многу досадно.

Иако на почетокот на годината ја предаде улогата на извршен претседател на неговиот син Тео Сионг Сенг, Чанг за „Си-ен-би-си“ изјави дека одењето на работа е негова постојана навика.

„Секој ден ги пишувам сите мои активности во дневник“, вели Чанг, додавајќи дека претставниците на сите оддели доаѓаат да го видат.

За него, ова е начин неговиот ум да биде активен и да остане во контакт со компанијата што ја основал во 1967 година со два брода.

„Не можам да останам дома“, изјави најстариот милијардер во светот и додаде дека „би му било многу, многу досадно“.

Како дел од секојдневната рутина, Чанг го подучува својот син како да управува со неговиот темперамент во ситуации под висок притисок.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари