Најскромната кралица владее со најсреќната земја во светот

Кралицата на Бутан Џецун Пема (28), најмладата кралица во светот, ги воодушеви жителите на оваа мала земја со својата убавина и скромност.

Младата кралица, која неодамна го роди своето прво дете, потекнува од семејство кое имало врски со кралското семејство, но било без титула.

View this post on Instagram

The August calendar is here for free download from www.yellow.bt! 🌻 It is an exceptional joy to see our beloved Gyalsey grow up so quickly, which is why the best thing about August is certainly our monthly desktop calendar, featuring this wonderful photograph, taken during His Royal Highness' first visit to Dechenphu Lhakhang. Dechenphu is the seat of one of Bhutan's most important protective deities, Genyen Jagpa Melen, known colloquially to the people as Ap Genyen. The deity, whose colourful story includes encounters with some of the greatest saints in Bhutan, is especially important for children born in the Thimphu Valley. #hismajesty #kingjigmekhesar #kibgofbhutan #hermajesty #queenjetsunpema #queenofbhutan #hisroyalhighness #gyalseyjigmenamgyel #princeofbhutan #dechenphulhakhang #gyenyenjagpamelen #apgenyen #buddhism #royalfamily #bhutan #beautiful

A post shared by His Majesty King Jigme Khesar (@kingjigmekhesar) on

Џетсун студирала меѓународни односи и психологија во Велика Британија. Таа се свршила за кралот кога имала 21 година и предизвикала многу полемики, бидејќи младата двојка го прекршила протоколот и одлучила да се спротивстави на традицијата на договорените бракови. Тие прекршиле уште една норма – живееле заедно пред да стапат во брак.

„Кралот змеј“, како што луѓето го нарекуваат, стана монарх во 2006 година, кога татко му се откажал од престолот. Тој одлучи да и ја одземе апсолутната власт на круната и да го зацврсти патот на демократијата и уставната монархија.

Интересно, во Бутан е дозволена полигамијата, а татко му го искористил тоа и се оженил со четири жени. Сепак, младиот крал одлучил дека Џецун е негова единствена сопруга.

Бутан е единствената земја во светот во која власта е убедена дека среќата е најважната цел за целото население. Правото на среќа е загарантирано во член 9 од нивниот устав.
Затоа, среќата се смета за главен приоритет на националната политика. Владата на Бутан дури го формираше Министерството за среќа, кое досега го немаше ниедна земја во светот.

Бутан, кој според сите индикатори е навистина уникатно место на оваа планета, е многу помалку погоден од глобалните проблеми како што се гладот ​​и криминалот. Луѓето живеат среќен живот, не се опседнати со модерна технологија и успешно го сочувале своето единствено културно наследство. Ова се должи на фактот дека до сега тие не доживеале воено разорување или екстремна сиромаштија.
Нивниот закон забранува убивање на животните, така што голем дел од жителите се вегетаријанци.
Друг интересен аспект на животот во Бутан е тоа што шумите не се сечат – населението секогаш се обидува да засади што е можно повеќе дрвја. Централните и јужните делови на земјата воопшто не се урбанизирани – овие области се во принцип големи природни резервати со богата флора и фауна.

Во последните 20 години, животниот век во Бутан е двојно зголемен, а скоро сите деца во оваа не толку богата земја одат на училиште.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари