Најбогатиот човек во светот ја остава сопругата поради сексапилна водителка

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, и неговата сопруга, Мекензи, објавија вчера на „Твитер“ дека се разделуваат и дека ќе останат пријатели. Неколку часа подоцна американските медиуми почнаа да пишуваат за аферата на Безос со сексапилната водителка Лорен Санчез и тврдеа дека таа е причината за прекинот на 25-годишниот брак на Безос.

Лорен Санчез е поранешна водителка на телевизијата „Фокс“ и е позната по својот сексапил. Иако има 49 години, атрактивниот изглед, харизмата и латинскиот сексапил се она според кое публиката ја препознава.

Новата девојка на Џеф Безос, наводно, сè уште е во брак со Патрик Вајтсел, кој наводно и ги запознал. Убавата водителка ги заклучи своите профили на социјални мрежи и не сакаше да ги коментира наводите.

Американските медиуми шпекулираат за износот на пари што Безос ќе мора да ѝ го даде на сопругата по разводот. Според „Е! News“, сопственикот на Амазон ќе остане најбогатиот човек во светот дури и ако Мекензи добие половина од неговото богатство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари