На познатата тајландска плажа од истоимениот филм со Ди Каприо пронајдени се 38.000 отпушоци од цигари

Прекрасната тајландска плажа Маја Беј, каде што беше снимен филмот „Плажа“ со познатиот актер Леонардо Ди Каприо останува затоврена за туристи на неопределено време.

Прво, оваа плажа беше затворена од јуни до септември, кога е сезона на монсунските дождови во Тајланд, со цел коралните гребени да имаат време да закрепнат. Очигледно ова не беше доволно, па властите ја донесоа оваа одлука да плажата остане затворена за турсти и понатаму.

„Ние анализиравме секој месец и сфативме дека еколошкиот систем е сериозно оштетен, бидејќи плажата ја посетуваат до 5.000 луѓе дневно”, вели директорот на националните паркови Сонтам Суксаванг. „Тоа е многу тешко да се излечи и да се рехабилитира плажата која е целосно уништена, како и растенија кои се наоѓаат тука.”

Властите истакнуваат дека поради прекумерниот број посетители на плажата, коралните гребени се уништени. Постојаното затворање е начин да се заштити екосистемот од понатамошна штета, и затоа тоа, беше одлучено дека пушењето на луѓе на најпопуларните плажи во Тајланд треба да биде забрането.

Филмот „Плажа“ е еден од најимпресивните дела во кој глуми Ди Каприо, филмот го привлече вниманието на гледачите, што ја направи и оваа плажа многу популарна. Попрецизно, стана премногу популарна, и ова драстично зголемување на бројот на туристи ја оштети природата. Поради ова, локалните власти одлучија да ја затвораат плажата неограничено за посетителите.

Во дел од медиумите се наведува дека на дел од плажата во должина од 2,5 километри, биле собрани околу 38.000 отпушоци од цигари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари