Морничаво: Софија е погребана со прозорец на гробот- туристи гледаат како изгледа по 170 години

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Морничаво: Софија е погребана со прозорец на гробот- туристи гледаат како изгледа по 170 години

За да го зачуваат споменот на саканата личност - и нејзината убавина, решиле да ја закопаат во специјален метален ковчег Фиск. Покрај тоа што Софија лежи во херметички затворен простор, има и прозорец, кој го открива нејзиното лице.

Гробот на Софија и денес се наоѓа во подземниот дел на методистичката црква во округот Колумбија, во американската држава Вашингтон. Во недостиг на податоци, за нејзиното погребување се поврзуваат бројни легенди.

Погребното место го посетуваат туристи, а необичниот прозорец го прикажува лицето на жена за која се вели дека е „убава и во смрт“. Како што е познато, таа имала 28 години кога починала.

Фотографиите достапни на Интернет покажуваат дека лицето е зачувано во речиси мумифицирана состојба, иако е видлива бела супстанца слична на мувла што го покрива.

Споменатиот ковчег Фиск (изработен од леано железо и популарен од средината на 19 век) го штител покојникот од надворешни влијанија и го забавувал процесот на распаѓање, до еден инцидент.

Турист наводно случајно го оштетил прозорецот на гробот, по што внатре влегол воздух, пренесува The Sun.

„Истиот воздушен притисок се одржуваше во ковчегот повеќе од 100 години. Меѓутоа, кога прозорот бил оштетен, сѐ се сменило. Процесот на распаѓање е забрзан, а на нејзиното лице има забележлива бела маса“, изјавил црковниот историчар Мајкл Брум.

Тој истакнува дека нема многу информации за животот на Софија и за причините поради кои таа починала толку млада.

„Нејзиниот сопруг беше заљубен во неа, претпоставувам дека беа и нејзините пријатели и семејството. Таа беше очигледно убава млада жена. Го почувствувале ужасот по загубата“, додаде Брум.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата