Милионерот Ричард Ротшилд поранешната сопруга сака да го стави во затвор

Милионерот Ричард Ротшилд би можел да заврши во затвор ако не се исели од станот во кој моментно живее со својата девојка, пишува „Дејли мејл“.

Откако поради Шери Мишел, поранешна зајачица на „Плејбој“ ја остави жената со која беше 21 година, двајцата водат жестока судска битка за поделба на имотот.

Со Шермејн де Соза се венча во 2005 година и се разведе во 2016 година. Тие заедно беа 21 година, сè додека не ја остави заради младата моделка.

Во центарот на судирот е нивниот стан во Мајами Бич, Флорида, во вредност од 1.750.000 евра за кој Ричард тврди дека е само во негова сопственост и каде што во моментот живее со новата девојка.

Судот одлучи дека станот сепак треба да го подели со поранешната сопруга, и ако не се исели во рок од една недела му се заканува затворска казна во траење од 28 дена.

Иако во јуни вети дека ќе го испразни станот, тој продолжи да живее во него, а адвокатот на неговата поранешна сопруга истакна дека со него живее новата девојка и некои пријатели, што го докажуваат објавите на социјалните мрежи. Тој побара да биде казнет со затвор за измама на судот.

Ротшилд признал дека го прекршил ветувањето што го дал на суд, но рече дека „го испразнил станот” и дека се вратил во него поради „непредвидени околности”.

Судијата му даде рок од една недела за иселување, во спротивно тој ќе заврши во затвор.

Ротшилд не е поврзан со познатото банкарско семејство Ротшилд.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари