Меган  сака да се породи дома и да избегне фотографирање

Меган Маркл (37) повторно може да го налути кралското семејство со новата одлука. Иако тоа го направија Кејт Мидлтон (36) и принцезата Дијана, војвотката, наводно, одбила да го роди своето прво дете во болница и да ја сликаат фотографи по породувањето, како што е обичај во кралското семејство.

Според „Венити фер“, војвотката сака да се породи дома по природен пат. Меган ќе биде првиот член на кралското семејство што ќе го наруши ова правило. Кејт три пати се породи во „Линдо Винг“, а само неколку часа по раѓањето им позираше на насобраните фотографи.

Истото го направи и принцезата Дијана по раѓањето на Вилијам и Хари. Сè уште не е познато што ја поттикна Меган на оваа драстична одлука, но војвотката од Сасекс и инаку е позната по тоа што не се придржува строго кон кралската традиција.

Принцот Хари (34) еднаш на шега рече дека „тоа што го сака Меган, тоа и ќе го добие“, што можеби и не е далеку од вистината.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари