Мастурбирајте, здраво е!

Жените често велат дека немаат желба за секс бидејќи се премногу уморни и не се задоволни со својот изглед. Ова второво е разумно, со оглед на општоприфатените, а всушност недостижни стандарди за убавина. Мастурбацијата е еден од поудобните начини да му угодиме на своето тело, баш такво какво што е.

Долго време сте без партнер, но не и без желба за секс. Нормално е да ја имате, и добро е што е така. Лошо е ако таа желба ја потиснувате.

Прво што треба да знаете е дека самозадоволувањето не е срамно. Исто така, мастурбацијата не им е забранета ниту на луѓето кои имаат партнер. Освен што ни помага да ги препознаеме своите сексуални потреби, самозадоволувањето ни помага да ги решиме и сексуалните табуа.

„Проблемот може да настане ако мастурбацијата стане единствен извор на задоволување на возраст кога треба да се воспостави сексуален однос со друг партнер" – објаснува Миња Ериќ, психоаналитички терапевт и сексолог.

Мастурбацијата не е само за тинејџерите. Љубовта кон себе е важен дел и на здравиот сексуален живот на постарите, а има и уште повеќе благодети.

Го подобрува расположението и опушта

Мастурбацијата ни овозможува да се сконцентрираме само на една работа, а тоа опушта. Како? Додека размислуваме на секс во било кој облик, мозокот лачи допамин, супстанца која овозможува чувство на задоволство, а во текот на сексуалните активности, се лачи ендорфин. Ендорфинот не' опушта. Но, не потпирајте се премногу на мастурбацијата како бегство од стресот за да не развиете зависност. Сепак повремена соло игра, може да ни го поправи денот.

Ги ублажува менструалните грчеви

Тој период на месецот обично не се поврзува со добро расположение, но мастурбацијата може да помогне она најлошото да се поднесе. А за многу жени болките се тоа што е најлошо. Тука на сцена настапува оргазмот, поточно хормоните кои мозокот ги лачи за време на сексуалното возбудување, а докторите велат дека тоа може да ги намали менструалните грчеви.

Имајте во предвид дека тоа не е исто за сите жени. Понекогаш контракциите на мускулите можат да ги засилат менструалните грчеви, затоа внимателно експериментирајте, слушајте го своето тело и правете го тоа што вам најмногу ви одговара.

Не учи

Ако никогаш не сте сфатиле зошто сите дигаат фама околу сексот, ова е идеално за почеток на разбирањето. Сексуалните терапевти ги советуваат жените кои никогаш не доживеале оргазам да почнат да мастурбираат. Тоа им овозможува на жените да го испробаат гениталното задоволство кое најмногу им одговара. Безбедна, контролирана ситуација ни дозволува да одредиме што најмногу ни одговара и она од што највеќе можеби сме се плашеле.

Помага да дојдете до оргазам

Ако ви е тешко да достигнете сексуално задоволство со партнерот, прво би требало сами да поработите на тоа. Редовната мастурбација ќе ви помогне сами да видите како вашето тело реагира за време на сексот. Потоа можете да ги споделите вашите сознанија со партнерот, што ќе му помогне да ви удоволи онака како што вам ви одговара. Меѓутоа, начинот на кој мастурбирате би можел тоа да го оневозможи. Ако премногу се потпирате на порнографија, тешко е тоа искуство да се пренесе на двајцата.

Не одржува во форма

Ако немате редовни сексуални односи, може да се случи кога ќе дојде до нив, вашето тело да не ја препознае вашата желба. Жените во тие ситуации, и покрај страста која ја чувствуваат, тешко може да се навлажнат. Објаснувањето лежи во медицината, поточно во азот-оксидот. Таа супстанца е важна за нормално сексуално функционирање, а се произведува во крвта во потребната мера ако поредовно пратикуваме секс. Добрата работа е што тој се произведува и за време на мастурбацијата. Или со други зборови, ако не го возите вашиот автомобил, тој ќе престане да работи.

Го смалува ризикот од инфекции на грлото на матката

Мажите кои редовно мастурбираат имаат помал ризик од рак на простата, а жените имаат помал ризик за добивање на инфекции на грлото на матката. Течноста од грлото на матката се задржува во цервиксот, а за време на оргазмот, поради опуштеното грло, се спушта во вагината и овозможува влажност, а истовремено ги отстранува бактериите кои можат да предизвикаат инфекција. Многу жени со инфекции на уринарниот тракт, тврдат дека кога чувстуваат дека ќе се појави уринарна инфекција, имаат желба да мастурбираат.

Ја лечи несоницата

Ако го дочекате утрото будни бидејќи не можете да заспиете, можеби е време да го примените овој метод. Баш како останатите луѓе кои паѓаат во длабок сон после секс со партнерот, бидејќи крвниот притисок е смален и поголема е опуштеноста поради лачење на ендорфинот, така и мастурбацијата е корисна, како пилула за спиење. Многу луѓе секоја ноќ се успиваат на овој начин. На некому можеби повеќе му се допаѓа и од чаша топло млеко.

Поврзани

Најнови вести

Коментари