Мајкл Џ. Фокс зборуваше отворено за борбата со Паркинсовата болест

На 29-годишна возраст на Мајкл Џ Фокс му е дијагностицирана Паркинсова болест.

За ова невродегенеративно заболување чии симптоми се развиваат бавно нема вистински лек, но можностите за лекување варираат и може да вклучуваат лекови и операции.

View this post on Instagram

Grateful

A post shared by Michael J Fox (@realmikejfox) on

Ѕвездата на „Враќање во иднината“ откри дека по веста се сврте кон алкохол. „Почнав да пијам премногу”, рече тој. „Но злоупотребата на алкохол доведе до тензии во мојот брак, кој отсекогаш бил добар, но по овој лош период – стана уште подобар.”

Фокс е во брак со Трејси Полан од 1988 година и тие имаат четири деца.

Фокс во почетокот се плашел поради дијагнозата, но денес, на 57-годишна возраст, не сака да дозволи неговата болест да го спречи да ужива во животот. Со својата фондација сака да ги инспирира другите заболени од Паркинсова болест и да им покаже дека дури и со таква дијагноза може да се живее квалитетно.

Фокс, претходно оваа година, за списанието „Пипл“ откри како сето тоа започнало. Едно утро во 1990 година, тој се разбудил и видел дека неговиот мал прст на левата рака неконтролирано се грчи. Само една година подоцна невролог му кажал дека станува збор за рани знаци на Паркинсова болест.

View this post on Instagram

30 years, how lucky am I?

A post shared by Michael J Fox (@realmikejfox) on

Кога веста ја споделил со сопругата, тие се гушкале и плачеле. Потоа се свртел кон алкохолот во обид да ја намали болката. Празните шишиња ги криел од сопругата, а потоа, во 1992 година, таа го нашла во бесвесна состојба на каучот и со пиво истурено на тепихот, а покрај него бил нивниот тогаш тригодишен син Сем. Тоа бил неговиот последен пијалак.

Откако се отрезнил, почнал да посетува терапевт кој му помогнал да го прифати новиот живот со Паркинсова болест.

Неговиот живот стана подобар кога ги доби близнаците Акина и Шулер во 1995 година, а потоа Исма 2001 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари