Криела дека има дете, па ја земаа нејзината круна: Убавицата на Украина остана без титула (ФОТО)

Мис на Украина остана без титула откако организаторите дознаа дека има дете и дека била мажена.

Вероника Дидусенко (23) ја освои круната минатиот четврток, но брзо беше дисквалификувана бидејќи организаторите дознаа дека таа лажела за нејзиниот приватен живот во својата пријава, пишува „Дејли мејл".

Убавицата има 4-годишен син со поранешниот сопруг, но според правилата на натпреварот, мајките и мажените жени не може да се натпреваруваат.

Во официјалното соопштение за медиумите, организаторите објаснија дека Вероника ги прекршила правилата и дека не може да ја задржи посакуваната титула, што значи дека на изборот за Мис на светот што ќе се одржи во декември во Кина, Украина ќе ја претставува друга девојка.

 

 
 
 
View this post on Instagram

Мисс Украина-2018 @veronika_didusenko и Мисс Украина-2016 @aakucherenko

A post shared by Мисс Украина ? Miss Ukraine (@missukraine_official) onSep 20, 2018 at 1:19pm PDT

Поврзани

Најнови вести

Коментари