Кира Најтли ги покори градските улици и црвениот килим

Иако во последните неколку години ретко се гледа во јавноста и на црвените килими на свечените настани, познатата британска актерка Кира Најтли во неколку дена успеа да го исправи тоа по повод промоцијата на својот нов филм, биографската драма „Колет“. Во споменатиот филм, Кира ја толкува улогата на француската писателка Сидони Габриел Колет.

Промовирањето на филмот „Колет“ 33-годишната Кира Најтли го започна на Филмскиот фестивал во Торонто за потоа да го промовира во Њујорк, појавувајќи се во бројни телевизиски емисии.

Иако со години настапува како заштитно лице на модната куќа Шанел, и често може да се види во креациите на познатиот француски бренд, на промотивната турнеја носеше креации од Александар Меквин, брендот Rochas, турскиот дизајнер Бора Аксу, модната куќа Валентино и многу други.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари