Кира Најтли ги откри предизвиците што ги очекуваат жените по породувањето

Кира Најтли одлучи да ја сподели суровата реалност на мајчинството со целиот свет. Таа тврди дека жените треба да бидат пофалени за „емоционалниот и физичкиот маратон” низ кој минуваат кога ќе добијат деца.

Актерката својот син Еди го роди во 2015 година.

„Мислам дека жените не добиваат доволно пофалби за физичкиот и емотивен маратон низ кој минуваат како мајки. Бев исклучително привилегирана. Имав многу среќа во кариерата и можев да си дозволам добра грижа за моето бебе, но мајчинството сè уште е многу тешко“, изјави таа за магазинот „Баланс“.

Кира им порачува на другите мајки дека прифаќањето на сите тешкотии што ги носи мајчинството не значи дека тие се полоши родители или дека се лоши мајки кои не го сакаат своето дете. За Најтли, тоа е само соочување со големите животни предизвици кои доаѓаат по породувањето.

„Сето ова што го реков не значи дека не го сакам моето бебе. Јас само признавам дека недостатокот на спиење, хормоналните промени и промените во односот со партнерот се само нешта кои секојдневно влијаат да се чувствувам како да не успевам. Затоа морам да се потсетувам себеси дека не сум неуспех, туку дека правам што можам, но ни тоа не е лесно“, додаде таа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари