Кина ги штити тигрите, но продава напитоци од нивните коски

Во парк за тигри во кинескиот град Харбин, посетителите можат да научат нешто за навиките на овие диви животни и со пилешко да хранат околу 20 сибирски тигри кои шетаат по снегот.

Но, иако Кина во последниве години презеде значајни чекори за заштита на дивиот свет, кај портата на паркот има продавница која продава напитоци од коски на тигар што се наплаќаат околу 1.000 долари по шише, објави агенцијата „Ројтерс“.

Во Кина има многу високопрофитни бизниси кои ги загрозуваат тигрите, сметаат конзерваторите.

На пример, во паркот за сибирски тигри јавно се продава вино со коски од тигар кое чини меѓу 40 и 1.000 долари.

Експертите за зачувување на природата велат дека парковите за тигри собираат резерви од кожа и коски од овие животни, со цел во иднина да ги продаваат за медицинска употреба.

Кинеските медиуми информираат дека коските од тигар може да достигнат меѓу 720 и 1.300 долари по килограм, а дури десетици илјади долари по животно.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари