Како зимувањето да ви биде поевтино

Барате идеален аранжман за целото семејство, но кога сѐ ќе ставите на хартија сѐ уште летувањето ви излегува поевтино. Знајте дека илјадници родители ширум Европа го имаат истиот проблем како и вие.

Вклучете аларм

Сајтовите како Кајак, Скајскенер, Хопер и Гугл Флајтс имаат опција да вклучите аларм кој ќе се огласи тогаш кога ќе наиде на понуда која одговара на вашиот буџет. На страниците едноставно означете ја опцијата која ги следи цените и ќе добиете мејл или СМС порака секој пат кога ќе налета на нешто добро. Хопер и Кајак ќе ви дадат и совети кога да купите авионски карти или да почекате подобра понуда.

Доколку ве интересира одреден датум, тогаш е препорачливо да вклучите плус нотификација на телефонот, а штом ќе падне цената вие ќе добиете известување за тоа. А таквите понуди не траат подолго од неколку часа. Хопер и Кајак ќе ви помогнат и да најдете хотелска соба заедно со летот.

Барајте локации со попусти за деца

Постојат многу ски-центри во кои картите за жичница се бесплатни, но и по пониски цени на целиот ски-пас. Индивидуалните ризорти исто така имаат сопствени понуди, така што често децата помали од 12 години не мора да плаќаат. Еден хотел во Америка има одлична понуда во која децата помали од четири години и постарите од 80 можат бесплатно да скијаат.

Резервирајте порано

Не би било лошо тоа да го направите додека сте на летување. Најевтините „first minute" понуди се појавуваат кон крајот на летото, кога е вистинско време да купите понуда и до 40 осто пониски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари