Како изгледа градник од милион долари?

Градник вреден 1 милион долари ќе ја отвори годинашната ревија на модната куќа Викторија Сикрет.

Овој градник ќе го носи синокосата Швеѓанка Елса Хоск, која веќе седум години е Ангел на оваа модна куќа.

Градникот е дизајниран од Сваровски, а се состои од 21.000 дијаманти.

Освен градникот, Елса ќе носи и ѓердан и белегзија кои се дизајнирани од Кристофер Кејн.

Ова е најубавиот градник што некогаш сум го видела и одлично се вклопува во мојот личен стил. Ме враќа во 90-тите и целиот е направен од дијаманти – тоа за мене е совршено, беше првата реакција на Елса кога го виде градникот.

Годинашната ревија на Victoria's Secret ќе се одржи задутре, на 8 ноември, во Њујорк.

Поврзани

Најнови вести

Коментари