Хороскоп-СРЕДА (18.07.2018)

Овен

Денот ќе биде во знакот на некои интересни вести. Работите ќе ги вршите коректно, исправно ќе резонирате и брзо ќе дејствувате. Доколку го губите времето на глупости, само ќе се нервирате. Можни се некои емотивни несогласувања со саканото лице.

Бик

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ке споделат незаборавни интимни моменти, а оние Овнови кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува.

Близнаци

Функционирате растргани на повеќе страни. Морате да го завршите тоа што сте го започнале бидејќи ќе бидете незадоовлни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организациски способности кои денеска ви одат од рака. Денеска можете да реализирате идеални комуникации.

Рак

Денес ќе бидете преокупитрани со планирања, со оглед на состојбата во која се наоѓате. Од многуте планови, воглавно ќе остварите само мал дел и тоа пред се од оние кои се поврзани со емотивниот живот. На работа ве очекуваат многу обврски, за кои изгледа не сте подготвени. Не правете од себе херој ако согледате дека не сте во состојба да ја прифатите одговорноста и да ги реализирате обврските.

Лав

На работното место чувствувате дека некои работи не се одвиваат сопоред предвидениот план и дека некој од соработниците има намера да ви наштети. Денеска акцентот го ставате на емотивен план, на љубовта, еротиката, додворувањето, забавата.

Девица

Не си дозволувајте да се спуштите на некое ниво кое воопшто не ви прилега на вашата природа. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба посебно ќе ве израдува.

Вага

Mожно е денеска да влегувате во конфликти со околината. Ќе морате повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но, љубов нема да ви недостасува.

Шкорпија

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сфатите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа.

Стрелец

Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер. Ќе ви недостасува некој на кој ќе му испраќате тајни пораки.

Јарец

Нивото на енергија ви е многу ниско, а комуникативноста намалена. Ваквата состојба може само да ви направи проблеми на работното место. Навистина ви е потребен одмор и опуштање. Дозволете си го тоа ако сте во можност и извршувајте ги само обврските кои неможат да чекаат. Посветете повеќе внимание на вашиот љубовен живот.

Водолија

Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата работна средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Доколку тоа ви се случи нека вашиот став не биде премногу борбен.

Риби

Не се доверувајте на никого, околината не ви е наклонета и секоја невнимателност може да биде употребена против вас. Ве очекуваат и некои изненадувања така да после тоа вашите меѓучовечки односи нема да бидат хармонични. Емоционалните односи исто така можат да ви донесат многу незадоволство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари