Германија: Скоро 90 отсто од пензионерите одат на работа поради дружење, а не за пари

Скоро 90 отсто од германските пензионери, кои работат и по исполнување на критериумите за пензија, работат поради социјалните контакти и лични мотиви, а не поради финансии, покажа една студија на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).

„90 отсто од пензионерите кои се вработени и по заминување во пензија уживаат во својата работа и бараат контакт со колегите“, се наведува во студијата на Институтот кој делува во склоп на Сојузната агенција за вработување.

Истовремено, преку 50 отсто од испитаниците навеле дека остануваат во работен однос и поради финансиите.

Меѓу пензионерите со пензии пониски од 1 000 евра има 26 отсто жени и 29 отсто мажи кои работат и тој процент е значително помал од оној кој се бележи кај пензионерите со повисоки пензии. Меѓу пензионерите со пензии повисоки од 2 500 евра бројот на оние кои работат е 59 отсто.

Во првите три години по заминувањето во пензија во Германија, во некаков вид работен однос остануваат преку четвртина од пензионерите. Инаку, сè повеќе работодавачи поради недостигот на работна сила вработуваат пензионери како слободни соработници и по официјалното заминување во пензија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари