Еден од најпознатите актери во Холивуд снима филм за убиениот новинар

Американскиот актер Шон Пен го посети Истанбул каде што подготвува документарен филм за саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги, кој беше убиен пред два месеци во саудискиот конзулат во градот.

Турската новинска агенција „Анадолија“ наведува дека добитникот на два Оскари дошол пред саудискиот конзулат каде што снимала неговата екипа.

Актерот (58) е познат по своите политички ставови и дебати во САД, но исто така и пошироко. Така, во 2015 година со актерката Кејт де Кастиљо сними разговор со мексиканскиот наркодилер Хоакин „Ел Чапо” Гузман, кој тогаш беше во бегство.

Шон Пен освои два Оскари за најдобар актер во 2004 година за неговата улога во „Мистична река” и во 2009 година за филмот „Милк” за локалниот советник од Сан Франциско, кој јавно се декларирал како хомосексуалец, но бил убиен во 70-тите години на минатиот век.

Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост” кој ја критикуваше саудиската влада и престолонаследникот Мохамед бин Салман, беше убиен на 2 октомври.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари