Двегодишно дете пропадна во лифт, шокираниот татко скокна по него (Вознемирувачко видео)

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двегодишно дете пропадна во лифт, шокираниот татко скокна по него (Вознемирувачко видео)

Безбедносните камери го снимиле падот на момчето, како и реакцијата на преплашените родители.

Соседите слушнале повици за помош

Кога момчето се потпрело на вратата од лифтот, таа попуштила од непознати причини. Паднало во шахтата, а сè се случило толку брзо што родителите немале време да реагираат.

Плашејќи се дека лифтот ќе тргне и ќе го згмечи малото дете, таткото скокнал во дупката, додека жената го вклучила светлото на телефонот, објавува Дејли Меил.

Соседите слушнале повици за помош, па го запреле лифтот на третиот кат, додека таткото го извлекол синот. Успеал да го врати на безбедно, низ скршената врата, и го пречекала неговата мајка што плачела.

„Веднаш отидовме во болница и, фала му на Бога, детето е добро. Беше многу исплашено, има модринки на главата и грбот. Ситуацијата беше ужасна“, рекол таткото.

„Преживеа по чудо“

Според него, имале огромна среќа што соседите реагирале на време.

„Мојот син преживеал по чудо. Паднал без сериозни последици и ги промашил металните шипки што лежеле на дното“, додаде тој.

По инцидентот, властите започнале истрага поради сомневање за сериозни безбедносни пропусти. Таткото тврди дека лифтовите во новата зграда, во која е вселена пред една година, се во катастрофална состојба.

„Во текот на една година, лифтовите работеле само два месеци. Кога работат, може да се чуе крцкање, бучава, тропање… ужасно е да се влезе во нив. Нов лифт не треба да работи така“, рече таткото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата