Девојките отсекогаш сакале постари но, зошто?

Средношколките лудуваат по студентите, а студентките пак по зрели вработени мажи. Не е ништо ново, се работи за феномен кој на врсниците на овие девојки им е неразбирлив, затоа што честопати токму тие ги ловат.

Она што знае да ги исфрустрира младите момчиња е фактот што тешко ги освојуваат девојките од нивната генерација, затоа што тие, од некои неразбирливи причини многу често бираат постари мажи.

Тие знаат како треба со жена

Пристојност и кавалерско однесување. Овие квалитети многу жени ги сметаат за привлечни, особено кога еден маж и ги отвара вратите на дамата каде и одат. Сепак, главната причина се уште се крие во спалната соба. Мажите во позрелите години знаат како да ја задоволат жената.

Стабилни се

И тоа во повеќе работи! Постарите мажи поминале низ многу работи во животот, па помладите жени кои ќе влезат во брак со нив можат да бидат сигурни дека тие навистина сакаат да стапат во брак. Стабилни се во одржување на врската, раководењето со финансиите, полесно се откажуваат од живот во минатото, полесно простуваат, ментално се посилни и не се оптеретуваат со неважни работи.

Имаат повеќе самодоверба

Постарите мажи ретко прават нешто само за да ги задоволат другите. Облечени се така како што тие сакаат, а не како што наложува некојa моментална мода или тренд и посигурни се во својот изглед. Исто така, тие полесно се впуштаат во интеракција со други луѓе, без да се оптоваруваат што тие мислат за нив.

Позрели се

Зрелоста не е прашање на години, но многу е поверојатно дека ќе ја најдета кај постарите мажи. Ако ги игнорираме оние кои влегуваат во пубертет на 60, веројатноста дека ќе ве посрамоти некој 40+ маж со мрсна шега или дека ќе се впушти во натпревар за пиење пиво и гласно ждригање е многу мала.

Научиле од своите грешки

Помладите мажи се склони да ги повторуваат грешките. Кога тоа ќе го сфатат, тие веќе се во подоцнежните години. Постарите мажи научиле каде грешат и се внимателни и промислени во своите постапки. Обично се и мудри што исто така може да биде привлечно.

Знаат што сакаат

Ова се однесува како и за во спалната соба, така и за она што се случува надвор од неа. Неодлучните мажи не се секси. Решителните се, и тоа е тоа. Жените не сакаат да губат време со некој кој на состанокот цела вечер ќе се мисли каде може да се оди потоа и што да се прави.

Не поднесуваат драма

Постарите мажи немаат време за драма и не ја толерираат. Заради тоа девојките во врска со постар маж побрзо созреваат и стануваат вистински жени. Искуството покажува дека девојките покрај постар маж, престануваат да се дружат со пријателки кои постојано ги вовлекуваат во непотребни проблематични ситуации.

Поврзани

Најнови вести

Коментари