Човек искашлал згрутчена крв во форма на канал од белиот дроб и починал

Како што е објави списанието New England Journal of Medicine (NEJM), минатата недела во САД регистриран е неверојатен медицински случај.

Во болница во Сан Франциско бил примен 36-годишен маж со симптоми на критична срцева слабост која само се влошувала. Тој бил примен во одделението за интензивна нега, а со оглед на историјата на неговата болест и лекување, која вклучувала и вградување на пејсмејкер, му бил пропишан и соодветен третман кој вклучувал посебен уред за помош при засотојот на срцето. Тој примал и лекови против згрутчување на крвта.

Човекот бил задржан на интензивна нега, но во текот на неделата, како NEJM пишува имал екстремни напади на кашлица. Кашлањето било толку тешко и силно што човекот искашлал засирена крв во совршена форма бронхијално дрво од десното белодробно крило, пренесоа американските медиуми.

Медиумите објавија и фотографии од искашланата крв, со цел да ја пренесат визарноста на овој неверојатен медицински случај.

По интервенцијта на докторите, престанале нападите на кашлање кај пациентот и мажот почнал самостојно да дише.

Една недела подоцна, ток почина поради компликации поврзани со срцевата слабост.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари