Објавата во која се бараа информации за луѓе кои очигледно водат раскошен живот без видливо вработување, предизвика бран реакции на „Х“, каде членовите на кралското семејство, Мишел Мун и Кир Стармер, беа препорачани за понатамошна истрага.
Целта на објавата беше да се сврти вниманието кон организираните криминалци со необјаснето богатство, но корисниците на социјалните мрежи брзо почнаа да ја коментираат и споделуваат објавата, која сега е прегледана повеќе од 14 милиони пати.
Еден корисник напишал дека со нивната слика се сомнева во кралот и кралицата на Англија и „да ѝ пристапат на истрагата со претпазливост, бидејќи понекогаш тој има лош карактер“. Тој исто така додаде коментар за кралицата Камила:
- Ништо подобра не е ниту неговата љубовница, сега негова сопруга.
Do you know someone who lives a lavish lifestyle, but doesn’t have a job?
— South Yorkshire Police (@syptweet) August 24, 2024
Your intelligence is vital in helping us put those who think they’re 'untouchable' before the courts.
Find out how here-https://t.co/tpMYJkgdUP pic.twitter.com/GMcezBzapI
Покрај другите, хумористични слики на популарни мачки во Англија, некои всушност започнаа со поднесоци. Засега нема информации дали некој случај е земен на разгледување, пишува „Експрес“.