Богатите Арапи по оргиите во хотелските соби оставаат измет, според „Метро“

Се чини дека богатите луѓе што престојуваат во хотели, зад себе оставаат соби прекриени со измет. Барем така тврдат хотелските работници во Лондон, Бахреин и Париз, пишува британски „Метро“.

Богаташите, главно од Блискиот Исток, во луксузните хотели организираат диви секс-забави на кои се одржуваат оргии, а нивното дивеење во собите толку излегува од контрола што некои хотели одбиваат да ги примат богатите луѓе за кои се сомневаат дека можат да организираат вакви забави.

„Бахреин е близу до Саудиска Арабија, па затоа е идеално место за бегство на тамошните богаташи”, рече вработен во хотел кој сакаше да остане анонимен. „Различни хотели, по секс-забавите, треба да се занимаваат со одвратни сцени во нивните најдобри соби. Секогаш има човечки измет на креветите, столовите и подот”, вели тој.

„Сепак, бидејќи тие се главно луѓе од повисоките ешалони во Саудиска Арабија, тие можат да си дозволат да платат за штетата, која понекогаш се сведува на повеќе од еден и пол милион куни. И тие секогаш плаќаат, тоа не е проблем, но тоа е многу непријатно. Затоа, хотелите често велат дека се букирани, само за да избегнат такви работи”, тврди тој.

Приказната е потврдена и од хотелски работник од Лондон, кој, исто така, се сретнал со слични сцени.

Ова не е прв пат да се зборува за дивите забави на мажите од Саудиска Арабија. Во 2012 година, една проститутка излезе во јавноста со приказна дека ставила жив лосос во анусот на еден маж, само за да го задоволи неговиот фетиш.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари