Аплауз за посебниот Мурињо: Вистинските херои се на Тајланд, а не на Мундијалот (видео)

Тренерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо му одржа лекција на цел свет кога изјави дека вистински јунаци во овој момент се децата кои преживеава повеќе од 15 дена заробени во потопената пештера.

Сите деца и нивниот фудбалски тренер извлечени се од потопената пештера во Тајланд после повеќе од 15 дена

Нема да одат на Мундијалот, иако Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, ги повика децата да го гледаат финалето на СП во Москва.  Тие и понатаму остануваат во болница и од таму ќе го следат Мундијалот.

Жозе Мурињо кој за време на СП во фудбал ги коментира утакмиците за телевизија РТ, го прекина разговорот за мечот Франција и Белгија, и им оддаде признание на оние кои ги спасија 12те деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер.

"Воодушевен сум со она што се случуваше на Тајланд. Хероите се таму, а не а Светското првенство. Децата, особено нуркачите и оние кои се вклучија во спасувањето. За мене Светското првенство е на второ место", рече Мурињо.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, и нивниот тренер (25) влегле во пештерата во Там Лунг  23 јуни. Исчезнале после завршениот тренинг, а нивните велосипеди, ракавици и патики пронајдени се пред влезот на пештерата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари