Весник тема

Зошто западот стравува од средбата на Путин со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе се сретнаt во Хелсинки на 16-ти јули, а поради шпекулациите дека Трамп ќе го признае по одржаните референдуми присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, што Западот од март 2014 година го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, европските сојузници на САД се во големо исчекување.

Откако раковoдејќи се од принципите на дамнешни изолационистички политики во САД, американскиот претседател Доналд Трамп ги вонемири сојузнциите почнувајќи со истапувањето од повеќе меѓународни договори, како трговскиот NAFTA, Парискиот за климата и за иранската нуклеарна програма, со воведувањето на царини на одредени производи за Европската унија и Канада, како и со доведувањето во прашање на безбедносниот чадор на НАТО во кој Америка учествува со покривање од 70 отсто од расходите, Трамп ќе се сретне со рускиот челник Владимир Путин во Хелсинки. Самиот избор на финската престолнина, во која се случиле низа историски меѓународни договори, предизвикува верувања дека станува збор за самит на кој ќе се одредат долгорочни стратешки позиции на големите ривали на светската сцена.

„Фактот дека ова е прв голем самит меѓу Трамп и Путин е важен, земајќи предвидд дека Трамп во повеќе наврати изрази желба за поправање на односите со Русија", смета Ерик Братберг, директот на Европската програма при тинк-тенкот u Carnegie Endowment for International Peace.

Трамп минатата седмица на собир во Монтана ја отфрли загриженоста дека премноу се приближува на Москва. „Добрите односи со Русија и добрите односи со Кина и добрите односи со другите земји се добри а не лоши работи", порача Трамп.

Блез Мицтал од непрофитната организација Bipartisan Policy Center смета дека самитот на НАТО може да го одреди тонот на средбата меѓу Трамп и Путин на 16-ти јули. „Путин веројатно ќе продолжи со својата игра на ширење на пукнатините во единството на сојузниците коешто се појави и ќе се појавува на самитот на НАТО", наведува Мицтал.

Тврдењата за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година кои наводно ја овозможиле победата на Трамп се наметнуваат пред самитот во Хелсинки. Неодамнешниот двопартиски извештај на американскиот Сенат ги поддржува тврдењата за наводното руско мешање. Москва решително ги одбива овие напади за кои вели дека не се поткрепени со никакви докази и смета дека се дел од „антируската хистерија" на одредени политички кругови во Вашингтон поради нивните ослабени позиции на тамошната сцена, додека Трамп негира дека неговиот изборен штаб имал контакти со руската влада.

Меѓутоа, веројатно Трамп нема да го отвори ова прашање во Хелсинки, смета Братбург. Истакнува притоа дека американскиот претседател „претходно ги отфрлил тврдењата за наводното руско влијание во американскиот изборен систем, велејќи дека му верува на Путин кој тврди дека тоа не е вистина".

Американскиот изолационизам

Критичарите на Трамп истакнуваат дека тој ја избрал политиката на унапредување на односите со Русија, додека односите со Канада, Франција, Германија и другите сојузници се влошуваат. Трамп ги обвинува традиционалните сојузници дека САД со нив имаат трговски договори на сопствена штета и дека недоволно плаќаат за американската воана заштита.

Поранешниот американски амбасадор во НАТО, Даниел Фрид, американското скршнување во надворешната политика го толкува како повторна појава на долго време потискуваната американска тенденција кон изолационизам. „Оваа американска традиција се врати по 80 години, а Трамп ја искористи", предупредува Фрид, кој сега е ангажиран во ткн Атлантски совет.

Наби Абдулаев, политички и безбеносен експерт за Русија за германската агенција DPA, која меѓутоа не наведува каде е ангажиран стручњакот, предупредува дека средбата во Хелсинки нема да донесе многу во смисла на конкретни политички резултати. Двјацата државници ќе го искористат состанокот со цел да се промовираат, смета.

Украина и Сирија, најверојатно според најавите ќе бидат главните теми од разговорите. Трамп сака да ги повлече американските единици од Сирија, а Путин е еден од главните фактори во оваа земја. Уште повеќе, на ова прашање разговараа во пресрет на Хелсиншкиот самит во Москва рускиот челник и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој од почетокот на годинава трет пат престојува во Русија, а стана еден од најголемите сојузници на Трамп по заладувањето на односите меѓу САД и Израел во текот на поранешната администрација на демократскиот претседател Барак Обама.

Меѓутоа, Абдуалев предупредува дека Русија не е во позиција да го истисне Иран од Сирија, како што сакаат Израел и САД. „Руското влијание врз Техеран не е доволно да се надвладее стратешката важност на Сирија за Иран", вели овој експерт. Меѓутоа, тој испушта од предвид дека Русија и Израел имаат, како што го нарекува Нетанјаху веќе тригодишен договор за „слободно дејствување" на изралското воздухопловство на сириска теруторија против иранските и цели на нивните сојузнции во прв ред либанското шиитско движење Хезболах.

Западот стравува за Украина

Можните руски отстапки во поглед на Сирија, би можеле да бидат условени со договор за Украина. Трамп, иако своевремено ги боцна сојузниците со забелешката дека можеби би требало да се размисли за признавање на рускиот карактер на Крим, оди да ја исклучи можноста од американско принавање на присоединувањето на црноморскиот полуостров на Руската Федерација, иако таму „сите зборуваат руски", како што рече. Тоа, стравуваат на Западот, би го „благословило" менувањето на европските граници со употреба на сила, а притоа ги забораваат војните кои од почетокот на 1990-те до почетокот на милениумот се водеа на балканските простори.

Кој и да е трн во Европа, вклучително и неодманешното турско големо свртување кон Русија, од перспектива на Москва претставува победа. Меѓута, Трамп не ги контролира сите процеси и не може да понуди бескрајни постапки. Така, на пример, американскиот Конгрес веќе изгласа продолжување и нови санкции против Русија.

Споменат Блез Мицтал смета дека Путин „би можел да настојува да го одврати претсерампд од поголеми одбранебени соработки со Полска и со блатичките држави", имајќи предвид дека Русија и натаму е недоверлвиа кон американските интереси во овој регион. „Н едавајте нешто за ништо. Не договарајте глупи работи. Не е погршно да се работи со Русијте, но немојте тоа да го натплатите. Паметете кои се вашите пријатели", му порачува на Трамп, пак, Даниел Фрид.

(Netpres)

Поврзани

Најнови вести

Коментари