Весник тема

Washington Post најавува политички земјотрес: 11-те најопасни недели од владеењето на Трамп започнуваат сега

Наредните 11 седмици би можеле да бидат најтензични во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, која и досега личела на циркус, оценува "Washington Post".

Во тие 11 недели, за кои весникот наведува дека би можеле да бидат најтензичен период во владеењето на американскиот претседател, можни се најголеми последици. Трамп го очекуваат бројни предизвици, меѓу кои и првиот опасен предизвик - случајот против неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен.

Федералните власти истражувале дали Коен ја измамил банката и даночната служба и земал заеми во износ од преку 20 милиони долари за компанија за такси превоз во негова сопственост и во сопственост на неговото семејство, и проверувале дали ги прекршил законите за финансирање на кампањи кога помагал да се направат договори со кои ќе се плати молчењето на жените кои тврдат дека имале афери со Трамп.

Коен во вторникот се изјаснил како виновен за кршење на законот за финасирање на кампањи и други обвиненија, наведувајќи дека по налог на кандидатот за федерална положба организирал исплата за да влијае на претседателските избори во 2016. година.

Признавањето на Коен е поврзано со парите кои во текот на предизборната кампања во 2016. година им биле исплатени на љубовничките на Трамп. Коен истакнал дека организирал исплата која имала за цел да се влијае на изборите, по барање на кандидатот за федерална положба, кој не го именувал.

Коен, кој претходно со федералните обвинители постигнал договор за признавање на вината, се изјаснил како виновен по осум точки на обвинението, вклучувајќи и избегнување на плаќање на данок и давање на лажни изјави во финансиската институција.

Пред Трамп, меѓутоа, се и други предизвици. Имено, Пол Манафорт, неговиот поранешен шеф на кампањата се соочува со две судење, а второто судење се однесува на случајот кој директно е поврзан со неговата работа во земјите на поранешен СССР и со начини на кои тие негови активности влијаеле на неговата работа во кампањата на Трамп.

Специјалниот советник Роберт Мулер наскоро би можел да изнесе нови обвиненија или дури и да го објави финалниот извештај од истрагата за руското мешање во кампањата на Трамп. Трамп веројатно ќе продолжи да го укинува пристапот до доверливи документи за своите критичари од разузнавачката заедница, што ќе доведе до поголеми осуди од страна на Демократската и Републиканската партија, како и до поголеми споредби со Ричард Никсон.

Неговата поранешна советничка Омароса Маниголт Њуман ќе продолжи да објавува снимки од разговори со луѓе во Белата куќа.

 

Во Тексас ќе започне тужба во која републиканските држави и администрацијата ќе се заложуваат целосно да го уништат целиот Закон за пристапна заштита, познат како "Obamacare", што на демократите ќе им даде тема од непроценлива вредност за кампањата.

 

Наскоро ќе почне и сослушувањето по повод именувањето на Брет Кавано како судија на Врховниот суд. Ако тој процес заврши со победа на кандидатот на Трамп, тој веројатно ќе доведе до страв и противење кај демократите, бидејќи ќе сфатат колку интензивно конзервативен со нив ќе биде Врховниот суд.

Тоа се само некои од работите кои наскоро ќе се случат, а постојат и многу непредвидливи последици кои може да го предизвикаат однесувањето на Трамп. Неговата трговска војна со другите држави досега предизвикала само загуба на работни места и несигурност, а можни се и нови меѓународни кризи и конфликти со американските сојузници.

Кулминација на овој претстоен тензичен период се изборите за Конгресот во ноември, бидејќи доколку демократите тогаш ја преземат контролата, можни се нови истраги за скандалите на Трамп.

Поврзани

Најнови вести

Коментари