Весник анализа

Москва: Ако има голема војна во Украина, Русија и Србија влегуваат на Косово

Неодамна видовме американски ракетен напад врз Сирија, со резултат кој е се уште предмет на полемика. Но, за разлика од тоа сигурно е дека добар дел од светот стрепеше од тој настан како можен вовед во директен судир помеѓу САД и Русија, и секако вовед во трета светска војна.

САД и Русија не пукаа едни врз други но, заканата остана како одложување. Се повеќе светски аналитичари веруваат дека главните судири следат. Имено, Русија е организатор на Светското првенство во фудбал за кое се потрошени 17 милијарди долари (12 милијарди се руски државни пари) а се очекува на крај чиста заработка за Русија од најмалку 3 милијарди долари. Тоа се големи пари, и тоа е една од причините зошто Русија би можела да ја одложува конечната разврска на кондфликтот со САД околу Сирија и Бликсиот исток. Доколку се завојуваше на широк план пред еден месец, Светското првенство ќе беше бојкотирано од Западот, и тоа ќе беше загуба за Москва од најмалку 15 милијарди долари и сериозно нарушен престиж на држвата во светот.

Две третини од рускиот извоз се нафта и гас. А во послените месец-два нафтата се качи над 80 долари за барел, што е дополнителна заработка за Москва. Се чекаа изборите во Русија, како и изборите во Турција која сега е сериозен руски сојузник на Блискиот исток. Значи, имаше неколку причини Москва да ја одложи конечната разврска на Блискиот исток.

Се смета дека скората голема војна околу Сирија ќе почне со конфликт помеѓу Израел и Иран, кој потоа ќе се прошири со вклучување на руската воена сила. Во таа прилика, сосема извесно во тие услови, Украина ќе ги нападне руските и проруски сили во Доњецк и околу Крим. Најпосле, тоа е и цел на НАТО - војна на руските граници, а најдобро место за тоа е - Украина.

Вооружениот конфликт меѓу Русија и НАТО е можен, дури и во блиска иднина, ако двете страни не почнат веднаш да бараат компромис, а се чини со оглед на состојбите во Северна Кореја, Украина и Сирија оваа 2018 година може да биде клучна за наоѓање заедничка соработка помеѓу Москва и Вашингтон која на светот му е неопходна, или за голема регионална војна.

За ова во својата статија во Фајненшл Тајмс пишуваше и професорот по меѓународни односи на Универзитетот Џорџ Мејсон во САД, Денис Шандол уште во времето на украинското поствоено примирје. Според него, јасно е дека НАТО работи активно на проширување кон Исток, и планира да ги вклучи Грузија и Украина во НАТО блокот, што Русија ја води во ќор-сокак, пишува интернет порталот "Webtribune ''.

Воениот блок на НАТО учествува во многу вооружени конфликти во светот и се труди да ја зацврсти својата положба и доминација на светски арбитер во регионланите судири ширум планетата. Но таа експанзија мора да има свој крај со оглед на тоа дека Русија не е веќе онаа што беше во деведесеттите години, сега Москва активно ги брани своите геополитички интереси, особено во регионот кој се граничи со Русија, па и со воени сретства што значи можни нови војни во руската околина, особено во правец на Европа и кон рускиот југ.

Водечкиот експерт во Центарот за воено-политички истражувања MGIMO (Московскиот државен институт за меѓународни односи ) Михаил Александров, смета дека веројатноста за голема војна е реална и голема, но токму затоа луѓето треба да размислуваат и да бараат начин таа опасност да се избегне.

- '' Русија има потенцијал да се справи со НАТО амбициите за ширење на исток, па и повеќе од тоа. Сосема е извесно и можно дека војната од Украина би се ширела Балканот, со воена акција на Русија која би одела кон прегазување на Бугарија и Романија. Притоа, вели Александров, очекувано и можно е Русија да се изгради сојуз со Србија, и заедно го влезат и да го освојат Косово и Црна Гора со што голема територија на Балканот би се создала како закана за НАТО во таа област. Значи, во случај војната во Украина да ескалира ние во Русија имаме добра можност, '', вели Александров.

Тој истакнува дека руската армија има 10.000 тенкови во областа на Урал и за само неколку месеци тие ќе бидат во состојба на целосна потребна борбена готовност. И покрај фактот дека НАТО има способност да активира милионска армија, Русите тврдат дека се способни да се соберат и активираат војска од два до три милиони припадници. Се разбира, при ваков развој на настаните се поставува прашањето за ангажман на нуклеарното оружје за масовно уништување, кое силите на Западот го имаат за случај на ваква потреба, но според експертите Русите се оспособени да се бранат од таква нуклеарна опасност со посебно наменети авиони, бродови и подморници, кои се способни за противудар на која било цел во Европа.

Овие експерти посочуваат дека НАТО има поинаква стратегија, а тоа е метод на средно умерени воени судири, комбинации на политичко насилство со акции на групи за саботажи и локални дејства, при што масивните капацитети за уништување не се оперативно планирани за голема војна со сите сретства.

- '' Русија контролира голем дел од светските енергетски ресурси, има огромна територија и најголем нуклеарен потенцијал. Ако НАТО покаже намера за тотална војна, тоа сигурно ќе доведе до речиси целосно уништување на европката економија и воени капацитети, а клучни штети ќе претрпат и САД. Според моите проценки, вели експертот Александров, намерите на САД со НАТО и европските сојузници да се нападне Русија се очигледни. Таа намера за војна е опишано и во концепцијата на американската национална безбедност. Тоа е "глобална граѓанска војна, '' ', изјавил експертот од Академијата за геополитички промени Констанин Соколов, кој патем објаснува дека во оваа војна нема да се судрат директно и непосредно Русија и САД, туку други држави и општествени групи ќе војуваат за НАТО и Вашингтон. Тој истакнува дека Русија може и мора да преземе соодветни мерки за да се заштити и да ги сочува своите интереси, народ и традиционалните вредности.

- '' Ние мора да разберме и прифатиме дека наш противник не е обичен граѓанин или војник од САД или Англија... нашиот противник се сопствениците на големиот, глобален капитал и финансиските центри на моќ во светот. Тие донеле одлука дека нивните интереси се загрозени, и за да ги одржат и засилат тие интереси создваат конфилкти на разни места во светот од кои тие треба да излезат посилни. Војските се само нивни инструмент, а не институции на владите и државите. Светската олигархија создава несигурност и конфикти кои ги загрозуваат сите, и мора да добие соодветен одговор. Тоа е она што го разбераме и гледаме на своја кожа ние во Русија, добро е тоа на време да го видат и државите на Западот, '', изјавува Константин Соколов.

Светот станува многу опасно место, дипломатската конфузија на администрација која ја предводи Доналд Трамп само придонесува за тоа, создавање на несигурност околу светот во однос на американските намери и способности, се проценува во последното издание на американското списание "Нешнел интерестс" (NI) каде се наведува можност за пет кризи со кои во 2018 година би можел да се развие во судир помеѓу големите сили.

Во некои делови на светот (пред се во Сирија) тензиите значително се намалуваат. Во други, веќе тешката ситуација стана уште посложена, проценува американскиот Нешнел инетерстс.

Според пишувањето на Роберт Фарли, можни се пет сериозни кризи што големите сили би можеле да доведат до конфликт во текот на 2018 година, како што се Северна Кореја, Тајван, Украина, на јужното крило на НАТО и Персискиот Залив.

Украина, како можно жариште за голем вооружен конфликт е најблиску до нас, до Балканот, и секако дека масовен регионален воен судир ќе го внесе Балканот во тие воени операции, и како логистика и како активен учесник бидејќи речиси сите околни држави: Романија, Бугарија, Грција, Албанија и Хрватска се членки на НАТО а се најавува можност и дека во текот на оваа 2018-та и Македонија ќе стане член на таа Алијанса.                                 (vesnik.com)

Поврзани

Најнови вести

Коментари