Законот не дефинира прецизно кои физички лица треба да бидат ДДВ обврзници, велат експертите

Законот за ДДВ е нејасен во делот за физичките лица, сметаат економистите и експертите. Дел од нив сметаат и дека законот не се спроведува така како што е предвидено.

Тој не овозможува правна основа за примена на одредбите,а со тоа го поткопува владеењето на правото. Затоа невладините организации бараат допрецизирање на законот, особено на поимот „стопанска дејност".

- Во принцип, законите можеби и не се толку лоши колку што можеби е лошо спроведувањето од страна на тој што треба да ги спроведува, вели економистот Борче Смилевски.

Забелешки имаат и за работата на УЈП. Најголеми проблеми, според нив се администрацијата и бирократијата.

- И политичкиот естаблишмент мора да разбере. Тоа е таа квалитативна разлика која ќе го промени општеството кон општ амбиент на развој на економијата. Суштинската разлика кога тие ќе разберат дека треба да бидат сервис на даночните обврзници, вели Маријан Николов од Центарот за економски анализи.

Законот за ДДВ е направен според директивите на Европската унија, но најголем проблем е што одредбите се во широка форма, што пак, според експертите, во пракса може да се злоупотребува.

Извор: Сител

Поврзани

Најнови вести

Коментари