Владата го предлага Марко Бислимоски за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

На денешната седница, Владата одлучи да му предложи на Собранието претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и тоа: Марко Бислимоски за претседател, додека Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани се предлагата за членови.

Исто така министрите го прифатија и предлог – законот за изменување на Законот за основање на Технолошко – техничкиот факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Владата на седницата го именуваше Александар Дамески за директор на КПУ Затвор, Прилеп.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари