Утре се отвора нов трговски центар LISA во Ново Лисиче

Од 17-ти Ноември официјално започнува со работа новиот трговски центар Лиса во населбата Ново Лисиче, општина Аеродром, на површина од 4200м2.

Lisa центарот претставува модерен концепт кој ги задоволува сите потреби на урбаното живеење, и на едно место ги обединува купувањето и забавата преку понуда на различни содржини. Центарот располага и со сопствен подземен паркинг простор за 50 места.

Во центарот Lisa, покрај добропознатите членови на семеството Тинекс, како Супер Тинекс маркет, Cosmo дрогерија, ресторан Daily, Tinex ToGo и Tinex Home се наоѓа и најновиот член на семејството- игротеката Big Bang, како и други продавници со кои се нуди комплетна услуга и понуда за посетителите.

Трговскиот комплекс се состои од приземје и прв кат. На приземјето од центарот се лоцирани Супер Тинекс маркетот и Tinex To Go. Новиот Супер Тинекс претставува еден од најголемите и најдобро опремените маркети на Тинекс, со модерен и уникатен ентериер, уреден според светските трендови. Со површина од 1000m2, маркетот располага со современ оддел за свежо овошје и зеленчук, оддел за готови јадења, пекара, месарница и винарија, со асортиман од над 15.000 производи.

Tinex To Go е уникатен концепт на кафетерија и е одлично место за краток одмор и уживање во вкусни сендвичи, салати, десерти, кафе и пијалоци подготвени од најквалитетни свежи состојки.

На првиот кат се наоѓа продажниот простор во кој се наоѓаат Cosmo дрогеријата и Tinex Home, кој претставува уникатен спој на убавината и уредувањето на домот, Ресторанот Daily Food&Wine и игротеката Big Bang, која претставува најсовремено опремената игротека во регионот. Инспирација за ентериерот на игротеката е вселената и во истата се достапни повеќе катчиња за забава и рекреација, како караоке шоу, ласер таг, видео игри, детски работилници, најактуелните реквизити за забава.

Дополнително, во состав на центарот се наоѓаат и аптека Галениум Фарм, продавница за долна облека Bonatti, бутик за детска облека Wenice, продавница за играчки Теа Тоу Store и оптика Призма.

По повод отворањето на центарот Лиса, во текот на викендот ќе бидат организирани голем број на промоции, акции, наградни игри и други промотивни активности за посетителите, кои ќе продолжат и во следниот период.

Овој трговски комплекс претставува инвестиција вредна над 4 мил. евра, а со неговото отворање беа обезбедени над 100 нови работни места. Трговскиот ценар Лиса преку своите содржини ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните на општина Аеродром и околните населби.

Поврзани

Најнови вести

Коментари