Регонален состанок на директорите на царинските управи од Западен Балкан

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски учествуваше на неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Република Албанија. Состанокот е продолжение на првиот неформален регионален состанок, што се одржа во Република Македонија во период од 30 ноември до 1 декември 2017 година.

На состанокот се дискутираше за подготовка на заеднички пристап на Царинските служби од регионот со цел унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари