Полска потпиша договор за набавка на гас од САД во следните 20 години

Полска потпиша договор со САД за испорака на течен природен гас во период од 20 години, пренесе  руската новинска агенција „ТАСС“.

Информацијата ја соопшти компанијата Polskie Gornictwo Naftowe i Gazownictwo (PGNiG).

„Во следните 20 години PGNiG ќе набавува течен природен гас од САД за потребите во земјата или за продажба“, се наведува во соопштението.

ТАСС пренесе дека директорот на компанијата, Пиотр Возниак подоцна на прес-конференција изјавил дека долгорочниот договор со рускиот енергетски гигант „Гаспром“ за испорака на гас во Полска до 2022 година, едноставно престанува.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари