Основачот на „Амазон“ донира 2 милијарди долари за сиромашните

Основачот и директор на „Амазон“, Џеф Безос, објави дека ќе одвои 2 милијарди долари за основање фонд кој ќе помогне да се отворат предучилишни установи во посиромашните населби и да им се помогне на семејствата без домови.

Овој фонд ќе се вика „Безос деј уан фонд”, изјави Безос вчера, чиј удел во „Амазон“ вреди околу 160 милијарди долари.

Безос на „Твитер“ објави дека еден дел од фондот финансиски ќе ги поддржува организациите и групите што ќе обезбедат засолниште и храна за младите семејства без домови.

Другиот дел ќе биде наменет за отворање бесплатни предучилишни установи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари