Audi официјално го претстави A1 Sportback

Чекањето е завршено, Audi го претстави моделот A1 Sportback кој изгледа одлично. По тизер кампањата Audi ја претстави втората генерација на моделот A1 Sportback. Од германскиот гигант наведуваат дека овој автомобил е идеален сопатник за урбаниот стил на живот, но е погоден и за долгите патувања со оглед дека е долг 4,03, широк 1,74 и висок 1,4 метри.

Дизајнот на Audi A1 Sportback e инспириран од концептите Ur-Quattro и Sport Quattro, а ниската линија на кровот му дава агресивен и истакнат изглед во споредба со претходникот. Рамниот C столб ги нагласува острите агли на урбаниот хечбек, додека S линијата го потенцира спортскиот карактер преку бројни карактеристики. Тука спаѓаат поголемите влезови за воздух, дополнителните прагови, издолжената хаубата и поголемото задно крило.

Фелните исто така изгледаат убаво, а достапни се во големина од 15, 16 и 17 инчи. Најголемите може да се добијат во црна или платинум сива боја и тие се дел од S Line опремата. Новиот A1 доби и поголем багажник и повеќе простор за патниците, особено на задните седишта.

Што се однесува до моторот, тука е основниот трицилиндричен мотор кој развива 95 КС, додека најмоќниот 1,4 литарски мотор испорачува 200 КС во најмоќната верзија. Трицилиндричниот мотор може да се добие со шест-степен мануелен менувач или S-троник автоматскиот менувач. Треба да се напомене дека најмоќниот мотор со турбополнење доаѓа само со S-троник автоматскиот менувач.

A1 е богато технолошки опремен и го има добиено новиот виртуелен кокпит на Audi сличен на оној во Audi A8. Тука е стандардниот 8,8 инчен MMI инфо-забавен систем со екран на допир, додека најдобро опремените модели имаат 10,1 инчен екран. Овој нов модел на Audi поседува и напредни сигурносни системи како што е предупредување за напуштање на лентата, систем за предупредување на судир со автоматско кочење и прилагодлив темпомат. Новиот Audi A1 ќе се продава како модел за 2019 година така што продажбата се очекува да започне кон крајот на оваа година.

извор: Makfax

Најнови вести

Коментари