Постојано гледаме нови и нови даноци, такси, давачки

Одложен прогресивниот данок, најголемиот ризик на владата за нејзин опстанок

Според проценки на експертите најголем ризик за опастанок и поддршка на владата во јавноста се постојаните зголемувања на даноците и воведување нови даноци со кои се оптерертуваат приходите на сите граѓани, без оглед на нивната етничка, полова и партиска припадност. Кога ќе треба владеењето на “твоите“ да го платиш од сопствен џеб, поддршката се доведува во прашање - како што се случува во целиот свет. Зголемувањето даноци, патем, по дефиниција носи повеќе сива економија, перење пари и даночни затајувања. Накусо, значително зголемен финансиски криминал и отпуштања од работа поради поголемите трошоци за работна сила.

Даночната реформа или воведување на порогресивен данок на персонален доход е одложена поради референдумот за договорот со Грција, кажа денес премиерот Зоран Заев. Тој рече дека одлучиле да го одложат воведувањето на прогресивниот данок, бидејќи за реализација на оваа реформа сакаат да има квалитетна дебата, а поради дебатата за референдумот оваа би поминала незабележано.

- Даночната реформа ја одложивме, оти ќе беше затскриена, оти во тек е дебатата за референдумот и не сакаме да носиме решенија. Самиот договор со Грција ја донесе потребата да ја одложиме даночната дебата, која требаше да биде во летото. Но тогаш се случи договорот со Грција. Дебатата за даночната реформа веројатно ќе продолжи по референдумот. Левичар сум и сметам дека правичното оданочување е потребно, дека тие што имаат повеќе треба да платат повеќе, а тие што имаат помалку да платат помалку. Дај Боже сите да имаат повеќе. Но, ако нема време за реализација до крајот на годината нема да брзаме ништо, сакаме да им дадеме време за подготовка на ваква даночна реформа и на стопанството и на граѓаните, рече Заев.

Со оваа реформа, која ја најави Министерството за финансии, предлогот е сите што имаат плата под 1.000 евра да плаќаат данок на доход по стапка од 10 отсто, а останатите над овој праг да плаќаат по даночна стапка од 18 отсто. Дел од стручната јавност негодуваше дека прагот кој е поставен за прогресивно оданочување е пренизок, бидјќи ќе бидат погодени токму оние граѓани кои редовно плаќаат даноци.

Ако добро работите во својата струка, имате плата над 1.000 евра месечно и/или имате дополнителни приходи над 1.000 евра месечно, годишно вие ќе треба да платите од 3-5.000 евра екстра даноци во однос на она што го имавме до 2017 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари