Објавен јвниот повик за финансирање на нискобуџетни авиокомпании

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување на барања за доделување на  финансиска поддршка на авиокомпании. Финансиската поддршка се однесува за период од 2019-2021 година за воспоставување на нови линии од „Меѓународен aеродром Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид.

Сите заинтересирани компании ќе можат да достават барање за финансиска поддршка до министерството за транспорт и врски  најдоцна до 12 септември до 12 часот, кога ќе се оддржи и јавното отворање.

Јавниот повик е објавен во домашни и меѓународни гласила, како и на веб-страницата на министерството за транспорт и врски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари