Нов бизнис со пчелен отров со балканот:

Босанско-херцеговските пчелари собираат пчелин отров и го продаваат на американските фармацевтски куќи и козметички компании по цена која се движи од 25.000 евра за килограм, па се до вртоглави 70.000 евра.

Медот, прополисот, пчелиниот восок се производи кои ги собираат пчеларите и ги продаваат. Но највредното од сето тоа, пчелниот отров или апитоксинот, го оставаат да пропаѓа иако вреди повеќе од злато. Но тоа секаде не е така. Босанско-херцеговските пчелари отровот го собираат и го продаваат на американските фармацевтски куќи и козметички компании, пишува хрватски "Вечерњи лист".

Притоа постигнуваат вртоглави цени од кои минималната се движи од 25.000 евра за килограм, па се до вртоглави 70.000 евра како што тврдат некои портали.

"И додека ние се мачиме со производството на мед и се бориме со нелојалната конкуренција, она што е најскапото и го дава пчелата, пчелниот отров го оставаме да пропадне, а можеме добро да заработиме и ние пчеларите, но и државата", вели Жењко Томас, пчелар од Имотско кој е можеби првиот во цела Далмација кој набавил апарат со кој го собира пчелниот отров.

Апаратот се приклучува на акумулатор и низ жиците кратко време на точно определено растојание се пушта струја која ги стимулира пчелите на одредена плоча да го испуштаат отровот.

"И кога ќе ве касне пчела испушта отров, и отпаѓа осилото и таа умира. Кога испушта отров на ова стакло нејзе не и испаѓа осилото, и таа не умира. Нема никаква штета за пчелата. На стаклото отровот се суши и останува прав кој треба да се иструже. Во големи количини апитоксинот е смртоносен отров, а во мали лек", објаснува Томас и напоменува дека пчелниот отров не смее да се собира без заштитна опрема и маска и за тоа треба да има обезбедено максимални хигиенски услови.

Количините на апитоксинот кој го произведуваат пчелите е мал, со еден убод таа исфрла само 0,1 милиграм, а за килограм е потребно да се собере пчелин отров 200 кошници.

"Со пчелните убоди ги решив здравствените проблеми", тврди Томас, кој, како бранител од последиците од војната со години чувствувал болки во коските и желудникот, но сега веќе болките исчезнале.
Се започна случајно. Ме испокасаа пчели на неколку места по рацете и нозете и тој ден не чувствувал болки од тоа. После тоа ги пуштил намерно да го искасаат повеќепати", објаснил Томас чија жена сега е на истата терапија со пчелин отров.

Поврзани

Најнови вести

Коментари