„Ние сме луѓе, а не бројки на хартија“, вработени од „Фени“ протестираат пред судот во Велес

Вработени во „Фени“ со транспаренти протестираат пред судот во Велес каде што повторно се разгледува планот за реорганизација на комбинатот. Преку пораки „Крај за стечајот“, „Не ми го чепкај лебот“ и „Живот за Фени“ , тие бараат на денешното рочиште да се донесе конечна одлука и да заврши на стечајната постапка.

„Стечајот многу се одолговлече. Тука бевме и во мај и во јули и еве во ноември. Маката нè тера. Тука сме да дадеме поддршка уште еднаш, да се стави крај на нашата агонија. Сè е кристално јасно. Ние работиме, земаме плати редовно, произведуваме, исплатени се доверителите, не ни е јасно зошто некој си поигрува со нашите судбини. Бараме од судот и сите надлежни институции ова да биде последно наше доаѓање, тука да биде крајот на стечајот. Ние сме луѓе, а не бројки на хартија и никој не смее да си поигрува со нас и нашите семејства, тука сме и секогаш ќе бидеме спремни да се избориме за ‘Фени’ и за нашата иднина“, рече Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација на „Фени“.

Бараме од судот и сите надлежни институции ова да биде последно наше доаѓање, тука да биде крајот на стечајот. – Вработени во „Фени“ пред судот во Велес

Денеска судот во Велес повторно одлучува за планот за реорганизација на „Фени“, откако Апелацискиот суд одлучувајќи по жалба од дел од доверителите го врати на повторно разгледување. Од „Фени“ објаснија дека планот е вратен на повторно одлучување поради административвни забелешки, за кои веднаш по одлуката на Апелација тие доставиле известувања и ревидиран план.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари