Набрзо ќе купувате алкохол кога сакате

Алкохолот во продажната мрежа ќе биде достапен за купување без ограничување. Со законски измени се укинува временото ограничување за купување алкохол во продавниците, кое беше воведено пред десетина години. Иницијативата е на бизнис заедницата, а поддршка доби од Владата и треба да го помине последниот филтер – Собранието. 

Најавено е укинување на временските ограничувања за купување алкохол, но не и на лиценците кои беа воведени пред осум години. 

Владата на седницата во првата недела на мај најави измени на Законот за трговија, кои наскоро треба да влезат во собраниска процедура. Се предвидува укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.

Продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму ќе може да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата. Ќе се дозволи продажба на алкохол и во киосците.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари