Македонија и натаму го подобрува рангирањето според Doing Business

Согласно со последниот извештај на Светска банка Doing Business 2019, којшто беше усвоен на владината седница, Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10-то место меѓу 190 држави во светот.

,,Македонија и годинава е лидер во регионот и четврта земја во Европа според условите за водење бизнис. Оваа година од вкупно 10 индикатори, Светска банка во својот извештај утврдила подобрување кај два индикатори: добивање градежни дозволи и регистрирање на имот. Кај два индикатори, пристап до кредити и решавање на несолвентност, нема промена во рангот, додека влошување има кај 6 индикатори, односно започнување бизнис, пристап до електрична енергија, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранично тргување и спроведување договори”, соопшти Владата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари