Колку луѓе се дел од сивата економија?

Домашните работници, односно негувателки, бебиситерки треба да се интегрираат во системот и да бидат рамноправни со останатите работници, поточно да имаат правна заштита и поголеми права. Европската легислатива го има решено ова прашање преку регистрирање во т.н. Домашни агенции, преку кои заинтересираните семејства доаѓаат до овие лица, а истовремено им се подмирува пензиско и здравствено осигурување.

- Ние тоа сакаме да го пресликаме во Р. Македонија, значи да го иницираме со документот за јавна политика, кој ќе даде препорака дека и кај нас треба да се оформи Агенција за давање на услуги, но нормално и министерството за труд и социјална пиолитика да биде по транспарентно во тој дел, изјави Рубинчо Аризанковски

Во Македонија неофицијалната бројка на домашните работници кои се влезени во евиденција во Агенцијата за привремени вработувања се движи околу 500 до 600 лица, но се претпоставува дека нивниот број е најмалку тројно поголем и останатите работат „на црно", односно не пријавени.

- Стопанската комора на македонија и УЈП преземаат чекори за превенирање и сузбивање на сивата економија и ако видиме дека овие работници не се во системот, тогаш точно е дека имаме сива економија-додаде Аризанковски

Наголемо се шпекулира дека домашните работници кои не се пријавени се подложни на дискриминација, мобинг и сексуално вознемирување, па поради тоа мора да бидат под заштита на институциите на системот. Прилеп и Штип се пилот градови на проектот „Подобрување на работните услови на домашните работници во локалните заедници", меѓутоа интенција е во блиска иднина сите општини во земјава да бидат опфатени со програмата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари