Истекува рокот за аплицирање на повикот за „Млади Претприемачи”

Истекува рокот за аплицирање на јавниот повик на „Млади Претприемачи“,  соопшти Агенцијата за млади и спорт.

Повикот е за млади лица со можност да аплицираат со своја бизнис идеја (Бизнис план) со што ќе имаат шанса да добијат 440 илјади денари.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 19 до 29 години, кои имаат желба да започнат сопствен бизнс да аплицираат со сопствен бизнис план на јавниот повик. Пристигнатите бизнис планови ќе бидат оценувани од страна на стручна надворешна комисија.

Крајниот рок за поднесување апликација и бизнис план, истекува на 30 ноември 2018.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари