Германската економија има потреба од нови мигранти, смета поранешен германски министер

Не верувам дека ќе има радикални промени во политиката во однос на мигрантите во Германија, бидејќи на земјата и требаат мигранти, односно и треба нивната работна сила, вели во изјава за агенцијата „Танјуг“, Ото Георг Шили, поранешен германски министер за внатрешни работи од редовите на Социјал-демократската партија во Германија (СДП).

Тој за српската новинска агенција истакнал дека и по заминувањето на канцеларката Ангела Меркел, Германија нема да ја смени политиката кон мигрантите, туку само ќе има извесни прилагодувања во соработка со земјите-членки на ЕУ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари