Еве како се споија небо и земја над Преспа денеска (ВИДЕО)

Силно невреме проследено со град денеска напладне ја зафати Преспа.

Најпогодени од невремето се селата Јанковец и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.

Јаболкопроизводителите посочија дека штетата од градот ќе се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври.

МИА

Поврзани

Најнови вести

Коментари