„Етихад“ отпуштa 50 пилоти

Авиокомпанијата „Етихад ервејс“ планира да отпушти 50 пилоти до крајот на овој месец.

Како што пренесува „Ројтерс“, компанијата се одлучила на ваквиот потег по големите загуби во текот на 2018 година. „Етихад“ има околу 160 пилоти.

„Етихад“ е втор најголем авиопревозник во Обединетите Арапски Емирати, со седиште во Абу Даби. Почна со работа во 2003 година.

Неделно реализира по 1 000 летови, а во нејзината флота има 117 авиони „ербас“ и „боинг“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари