Seavus едукативниот и развоен центар доделува целосни стипендии за Академските програми 2018/19

Seavus едукативниот и развоен центар го најавува традиционалниот, добро познат Challenge day, ден за тестирање на идните најперспективни генијалци во сферата на информатичките технологии и дизајнот. Целта на овој настан е тестирање за доделување на четири целосни стипендии за Академските програми 2017/18 во SEDC кои ја сочинуваат: Академијата за програмирање, Академијата за компјутерски мрежи и Академијата за дизајн.

Овогодинешниот Challenge day, ќе се одржи на 18 јуни во просториите на едукативниот центар во Скопје и на 25 јуни во новите простории во Охрид. Тестирањето се врши електронски и содржи прашања со повеќекратен избор. Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од SEDC Академии 2018/2019.

Учеството на Challenge day е бесплатно, а пријавувањето за истиот се врши на следниве линкови:

Challenge day (Скопје) • 18 ЈУНИ со рок на пријавување до 14.06, 16 часот и
Challenge day (Охрид) • 25 ЈУНИ со рок на пријавување до 21.06, 16 часот

Повеќе информации за Challenge day може да се погледнат на: https://www.facebook.com/events/219022485278889/

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари