Четири лекции на Ајнштајн како да ја зголемите продуктивноста

Алберт Ајнштајн знаеше како да работи напорно, но знаеше и кога треба да се одмара. Во една прилика тој за себеси рече: „Немам никаков посебен талент, само сум премногу љубопитен".

Токму таа љубопитност, придонесе за тоа Ајнштајн, како дете, а потоа и како возрасна личност, да се занимава со научни идеи и проекти, кои се применуваат и ден денеска, како што е неговата теорија на релативитетот.

Неговиот живот и пристап до работата, нудат многу лекции, за тоа што треба да направите ако сакате да станете повеќе продуктивни.

Работете како шеф

„Имајте на ум дека, покрај осумте работни часа, секој ден имате и осум часа за уживање, а тука е и неделата", изјави Ајнштајн во една прилика.

Славниот физичар, со години работеше по десет часа на ден, шест дена во неделата. Покажа огромна способност да се фокусира на работата во подолг временски период, како и тоа интензивно да размислува. Пред да стане познат професор, тој работеше во швајцарска канцеларија за патентирање на изуми во Берн. Обично ја завршуваше својата работа за само четири часа, па потоа им се посветуваше на своите научни трудови.

Денеска, обичен работен ден трае околу осум часа, пет дена во неделата, а поголемиот дел од луѓето имаат слободен викенд. Во секој случај, ако сакате да бидете повеќе продуктивни, обидете се да го користите слободното време како Ајнштајн, со цел да ја извлечете максималната вредност од својот работен ден.

Можеби имате и други обврски, како семејство, пријатели или некое хоби, но можеби постои нешто, што можете да прекинете да го работите или со нешто помалку да се занимавате. Ако тоа ви помогне, размислете за користење на табела, преку која ќе го следите начинот на кој го поминувате секој работен ден. Следењето на сопствената работа и прогрес, ќе ви помогне да утврдите како всушност вие го поминувате вашето време.

Користете го времето за одмор

„Нема телефони, никаква одговорност, апсолутен мир. Лежам на брегот како крокодил, дозволувајќи му на сонцето да ме пече, не ги отворам весниците и не размислувам за таканаречениот свет", знаеше да каже Ајнштајн.

Овој научник и познат професор, имаше и генијални идеи за тоа како да се исклучите од светот и да уживате во слободното време. Ајнштајн знаеше како напорно да работи, но знаеше и кога е време за полнење на батериите.

Поради тоа, покрај работата, многу е важно да се знае кога е време за одмор и „исклучување" од надворешниот свет.

Не чекајте инспирацијата да дојде сама од себе

„Новата идеја доаѓа неочекувано и на прилично интуитивен начин, но интуицијата не е ништо друго, туку резултат на поранешно интелектуално искуство", зборуваше Ајнштајн.

Беше познат по тоа што размислуваше за експерименти, во кои замислуваше дека се вози долж светлосните зраци или во лифт кој паѓа од вселената. Со други зборови, Ајнштајн не чекаше неговата теорија за релативитет да падне од небо. Наместо тоа, како што постојано развиваше навика својата работа да ја врши во континуитет, тој можеше да ја препознае вредноста на новите идеи, кога тие ќе се појавеа во позадината на неговиот ум.

Размислете за писател, кој има одлична идеја за приказна додека се тушира, или за трговец кој разбира дека треба да постапи според желбите на клиентите, додека е во градина. Праксата ја отвора вашата потсвест, за се она што е возможно.

Не бегајте од проблемите

„Задржувањето на работите кои не прават депресивни или лути, не помага во нивно надминување. Морате сами да ги срушите", гласи уште една позната изрека на славниот научник.

Наместо да се задржува на неуспесите во својот живот, како што се брачни проблеми и кариера, тој тие пречки ги користеше како мотивација, за да биде истраен во своите научни идеи.

Ниту Ајнштајн секогаш не беше успешен

Алберт Ајнштајн не беше совршен. Имаше брачни проблеми и лош однос со едно од своите деца. Исто така, помина голем дел од својот живот во подоцните години, истражувајќи научни теории кои не донесоа успех. Овие пропусти го правеа повеќе да биде обичен човек. Сепак, ако навлезете малку подлабоко во неговата работа, ќе можете да извлечете лекции, кои ќе ви помогнат да постигнете повеќе и побргу, без притоа да бидете генијални за таков подвиг.

Поврзани

Најнови вести

Коментари