Без договор за Брегзит ќе паднат цените на куќите, предупреди првиот човек на британската банка

Гувернерот на британската банка, Марк Карни, ja предупреди Владата дека хаотичен и без договор Брегзит, би можел да ги урне цените на куќите и да испрати уште еден финансиски шок низ економијата, објави Би-Би-Си.

Карни синоќа се сретна со високи министри на разговори околу ризиците од неуредно излегување од ЕУ. Според него, најлошиот случај е дека цените на куќите би можеле да паднат дури 35 отсто во текот на три години, изјави извор за Би-Би-Си.

Банката на Англија рутински врши стрес-тестови за да провери дали банкарскиот систем може да ги издржи екстремните финансиски шокови.
Последниот е спроведен во ноември.

Гувернерот на Банката, исто така, предупредил на средбата во Даунинг стрит, дека хипотекарните стапки би можеле да се спирални, фунтата и инфлацијата да паднат, а безброј сопственици на куќи би можеле да останат во негативен капитал.

Како што изјавил портпаролот на премиерката Тереза Меј, министрите веруваат во договорот за Брегзит.

„Како одговорна Влада ние мораме да планираме за секоја можност. Кабинетот се договорил не-договорот останува како можно сценарио за период од шест месеци“ изјавил портпаролот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари