Арсовска: Внимателно да се балансираат планираните даночни реформи

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска во панел сесијата посветена на тема: „Развој на ЈИЕ: Инвестиции, трговија и перспективи“ во рамки на Самитот Македонија 2025 ја истакна важноста од баланс во економските реформи како не би се забавил економскиот раст.

„Целиот регион се соочува со истите предизвици и потреби, затоа конкурентноста е исклучително значајна за тоа која од економиите во регионот ќе се издвои како лидер во обезбедување поволни услови за привлекување домашни и странски инвестиции. Најтешката задача при спроведување на структурните економски реформи во Македонија конкретно е како да се спроведат политичките одлуки без да се наруши кревката економија и одржливоста на стопанството. Во овој момент клучно е внимателно да се балансираат планираните даночни реформи, а во исто време да се обезбеди напредок во клучните области каде имаме детектирани слабости како обезбедување владеење на право, поквалитетни услови за живот и работа, како и подобрување на ефикасноста на администрација која како сервис на приватниот сектор и граѓаните се во насока на овозможување раст на економијата“,  истакна Арсовска.

Арсовска на тематската панел сесија дискутираше со Андреј Вробел од Велика Британија, Максимилијан Ламбертон, главен аналитичар на Економист од Велика Британија, Дубравка Негре, раководител на регионалната канцеларија на ЕИБ за Западен Балкан, Пиа Барбојч Јурашиевич,  директор на Империал Тобако, Словенија и Душко Крсмановиќ, директор за развој на CMS Law, Србија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари